Првиот полуфинален меч од ова натпреварување, против Целје, охриѓани ќе го играат на 25 април во Словенија, а реваншот е седум дена подоцна во „Билјанини извори“ каде ќе се одлучува за еден од двата финалисти.
Нема сомнение дека салата покрај Езерото ќе биде преполна, во очекувања на уште еден историски успех на македонскиот ракомет.
Охрид сезонава одигра осум натпревари во Европскиот куп и оствари исто толку победи. На домашен терен ги совлада своите четири противници со вкупна разлика од 45 гола.






