Славиќ во Охрид пристигнува од францускиот Лимож, каде настапуваше три години, а во кариерата беше дел и од Загреб и Адемар Леон. Станува збор за голман со значајно искуство и настапи за хрватската репрезентација, од кого охриѓани очекуваат стабилност и квалитет меѓу стативите.
„Сметам дека Охрид е еден добар проект, разговарав многу со играчите и управата. Имав неколку понуди, но се одлучив за Охрид, резултатите се се`подобри од година во година, клубот напредува. Слушнав се најдобро за Охрид како клуб и место за живот. Среќен сум што доаѓам тука и се надевам дека ќе му помогнам на клубот да ги исполни сите амбиции кои ги има. Македонската лига од година во година е се подобра, ќе се игра и Европа и тоа ќе биде дополнителен мотив“, изјави Дино Славиќ.
33-годишниот чувар на мрежата ќе го носи дресот со број 12 во наредните најмалку две сезони.






