недела, 11 јануари 2026

Охрид го претстави бундеслигашкото засилување

Ракометниот клуб Охрид го претстави големото засилување, хрватскиот пивот Џанфранко Прибетиќ кој доаѓа од Бундеслигата, од тимот на Штутгарт.

Објавено на

часот

Сподели

Претходно беше најавено, а сега е официјално реализирано, Џанфранко Прибетиќ пристигна во Охрид.

„Хрватскиот репрезентативен пивот потпиша со ГРК Охрид до 2028! Прибетиќ доаѓа од најсилната ракометна лига во светот, има 25 години (196цм). Штутгарт и Нексе се неговите претходни екипи каде што настапувал, а има и настапи за репрезентацијата на Хрватска“, стои во соопштението на ГРК Охрид.

Џанфранко Прибетиќ вели дека е среќен што ќе игра во Охрид и едвај чека да почнат натпреварите.

„Многу сум среќен и горд што потпишав за Охрид. Имам слушнато само убави зборови за клубот и за градот и ми претставува особена чест што сум тука. Се радувам на работата со нова екипа и нови предизвици кои не очекуваат во оваа полусезона и верувам дека ќе ги оствариме заедно со навивачите. Едвај чекам да започнат натпреварите и да се борам за целите на клубот”, изјави Прибетиќ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ