Искусниот ракометар се очекува да го засили тимот за следната сезона, како дел од амбициозниот проект што го води тренерот Борис Ројевиќ.
Зечевиќ зад себе има петгодишен стаж во Партизан, период кој беше одбележан и со две сериозни операции на коленото, но во Охрид веруваат дека неговото искуство и квалитет ќе донесат дополнителна вредност во ростерот.
Охриѓани со вакви потези најавуваат сериозни амбиции за наредната сезона и желба да бидат конкурентни во борбата за врвот. Во клубот официјално го промовираа хрватскиот голман Дино Славиќ, а договорен е и унгарскиот репрезентативец Доминик Мате.






