вторник, 24 февруари 2026

Охрид доби тежок ривал, ќе игра против Грци во ЕХФ Купот

Ракометарите на Охрид ќе настапат во четвртфиналето на Европскиот куп на ЕХФ.

Фото: ГРК Охрид

Објавено на

часот

Сподели

Европската ракометна федерација ја одработи ждрепката за оваа фаза на натпреварувањето. Охрид го доби еден од најтешките противници во оваа рунда, а тоа ќе биде грчки Олимпијакос.

Првиот натпревар ќе се одигра во Атина на 27 или 28 март, а реваншот во Охрид е на 4 или 5 април.

Доколку го мине грчкиот противник, Охрид во полуфиналето би се судрил со победникот од двомечот меѓу Целје и Бузау.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ