По разделбата со Рубен Гарабаја до крајот на годината тимот го водеше Звонко Шундовски додека се бараше трајно решение. Клубот се реши за домашен тренер, па во Битола повторно ќе работи добро познато име.
Алушовски во минатото седеше на клупата на Пелистер и Еурофарм Работник. Во Македонија ги водеше и Вардар и Охрид, а имаше и етапа во Тор Акурејри.
Легендарното македонско крило ќе го има првиот тренинг со екипата в среда на 14 јануари.






