Нов член на „гладијаторите“ е Вуко Борозан. Црногорскиот ракометар се раздели со Вардар и ја заврши својата втора етапа во овој клуб.
Се најавуваа повеќе опции за продолжувањето на неговата кариера, меѓутоа Охрид реши да го искористи ова и се вмеша во приказната.
Клубот го промовира Борозан кој потпиша договор до крајот на сезоната. Тој на Охрид ќе му помогне во борбите во Суперлигата, во Купот на Македонија и во ЕХФ Купот, каде што клупските амбиции се највисоки.






