Дуелот првично требаше да се игра на 27 март во Катар, но поради кризата на Блискиот Исток планот беше сменет. Се разгледуваше можност натпреварот да се одигра во Мадрид со рамномерно распределени навивачки места, но аргентинската федерација ја одбила таа опција.
Во игра била и идеја за два натпревари, првиот во Мадрид, а вториот во Буенос Аирес, но ниту ова решение не било прифатено. По неуспешните обиди да се најде неутрален стадион и со оглед на згуснатиот календар на двете селекции, УЕФА соопшти дека натпреварот нема да биде одигран.
„Со огромно жалење и разочараност потврдуваме дека Финалисима 2026 нема да се одржи. Поради околностите и проблемите со термините, немаше можност за презакажување на натпреварот“, соопштија од УЕФА.
Натпреварот меѓу шампионите на Европа и Јужна Америка беше обновен во 2022 година кога Аргентина ја совлада Италија со 3:0.






