Словенечкиот репрезентативец стави потпис на продолжување на договорот со пелистерци. Актуелниот важеше до крајот на сезоната, а клубот и играчот се договорија за најмалку уште една сезона. Притоа, постои опција за продолжување и во сезоната 2028/28.
Хенигман се поврзуваше со заминување во Алкалоид, ама сега стана јасно дека тоа нема да се случи.
Во редовите на Еурофарм Пелистер тој пристигна од Шартр, а играше уште за Сент Рафаел, ПИК Сегед и Рибница. Хенигман е еден од дефанзивните лидери на битолскиот состав, а така ќе остане и во иднина.






