Се споменуваше Европа, а имаше најави дека можеби би се обединил повторно со Лионел Меси во Интер Мајами. Сепак, до такво нешто не дојде и Бразилецот реши да остане „дома“.
Нејмар стави потпис на нов договор со екипата на Сантос до крајот на 2026 година.
Тоа значи дека по операцијата ќе се обиде да се врати во форма и да добие мундијалски повик преку матичниот Сантос. Карло Анчелоти не ги затвори вратите за Нејмар, ама јасно е дека бразилскиот напаѓач мора да се доведе во оптимална форма за да може да парира на „европските“ ѕвезди во бразилската репрезентација.






