Панатинаикос пред две години ја освои Евролигата, но минатата сезона беше сопрен во полуфиналето, па реши да ја засили плејмејкерската позиција со нашиот Американец, Ти-Џеј Шортс.
Шортс имаше блескави партии во дресот на Париз кој го предводеше до првата историска титула шампион на Франција.
Со игрите го привлече вниманието на сите големи, а до неговиот потпис стигна грчкиот клуб.
Ти-Џеј Шортс стави потпис на двегодишен договор со Панатинаикос кој во наредната сезона ќе ги нападне сите титули.