четврток, 29 јануари 2026

Официјално: Хартс го промовира Роџерс Мато од Вардар

Хартс го официјализира потписот на Роџерс Мато кој се сели во Шкотска уште оваа зима, до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен играч од Вардар.

Објавено на

часот

Сподели

На крајот целата сага заврши со позајмица на Мато од Вардар во Хартс. Иако играчот се договори со Шкотланѓаните налето да потпише бесплатно. Сепак ситуацијата се во меѓувреме се промени.

Хартс ќе плати непозната сума за отштета за веднаш да го добие крилниот фудбалер.

„Хартс со задоволство може да го потврди потпишувањето со Роџерс Мато во овој преоден рок. Офанзивниот фудбалер од Уганда доаѓа на позајмица од Вардар до крајот на сезоната. По крајот на сезоната, откако ќе истече неговиот договор со Вардар, ќе почне перманентниот тригодишен договор на Мато со Хартс“, стои во соопштението на шкотскиот тим.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ