вторник, 7 април 2026

Официјално: Еурофарм Пелистер се засили со уште еден репрезентативец

Еурофарм Пелистер договори значајно засилување за следната сезона откако потпиша договор со македонскиот репрезентативец Мартин Серафимов.

Објавено на

часот

Сподели

Десниот бек стави потпис на двегодишна соработка со актуелниот шампион, по одлуката да го напушти Алкалоид по истекот на договорот.

Серафимов во Пелистер доаѓа директно од редовите на ривал за висок пласман, каде што беше еден од најважните играчи во изминатиот период. Претходно својата кариера ја започна во Металург, а настапуваше и за сите младински селекции, како и за сениорската репрезентација на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ