петок, 3 април 2026

Официјално: Џенаро Гатузо повеќе не е селектор на Италија

Џенаро Гатузо повеќе не е селектор на Италија, откако поднесе оставка само три дена по елиминацијата од Босна и Херцеговина во финалето на баражот за пласман на Светското првенство.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Италијанската легенда реши да се повлече по новиот неуспех на „аѕурите“ да обезбедат место на Мундијалот, третпат во низа.

Со тешко срце, бидејќи не успеавме да ја оствариме целта што си ја поставивме, сметам дека моето време на клупата на репрезентацијата заврши. Дресот на „аѕурите“ е мојата највредна сопственост. Ми беше чест што можев да ја предводам репрезентацијата“, изјави Гатузо.

Гатузо ја презеде селекторската функција за време на квалификациите, наследувајќи го Лучијано Спалети. Сепак, не успеа да ја одведе Италија до пласман на Светското првенство преку баражот.

Италијанските медиуми веќе шпекулираат со неколку звучни имиња како можни наследници на селекторската позиција, меѓу кои се Антонио Конте, Масимилијано Алегри, Роберто Манчини, па дури и Пеп Гвардиола.

Освен Гатузо, претходно оставки си поднесоа и шефот на делегацијата Џанлуиџи Буфон, како и претседателот Габриеле Гравина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ