недела, 8 јуни 2025

Официјално: Алегри по една деценија се врати во Милан

Милан денеска и официјално го потврди ангажманот на Масимо Алегри за кого ова е враќање на клупата на росонерите.

Објавено на

часот

Сподели

Уште вчера беше познато дека Алегри ќе биде нов тренер на Милан, а клубот денеска ги потврди таквите информации.

„Милан со задоволство објавува дека Масимилијано Алегри е именуван за тренер на машкиот прв тим. Клубот му посакува топло добредојде на Масимилијано и успех во новата авантура,“ се наведува во објавата.

Алегри се враќа на „Сан Сиро“ по една деценија, во клубот со кој ја освои титулата во Серија А во 2011 година. По заминувањето од Милан, имаше успешен период со Јувентус, каде што освои пет шампионски титули по ред и играше финале во Лигата на шампионите.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ