вторник, 16 декември 2025

Одложен е изборот за најдобрите спортисти на годината

Манифестацијата „Спортисти на годината“ за 2025 година која требаше да се одржи на 18 декември се одложува поради доставување на спортски остварувања во месец декември.

Објавено на

часот

Сподели

Работната група за спроведување на активности при организација на манифестацијата, поради транспарентен и фер однос кон сите спортисти, оценила дека доставените резултати треба соодветно да се вреднуваат и тие спортисти да се вклучат во номинациите.

Изборот за најдобри спортисти за 2025 година со дополнетите номинации ќе се одржат во текот на јануари 2026 година во НОБ во организација на Сојузот на спортски федерации на Македонија, со поддршка од Министерството за спорт.

Во иднина, сите наредни избори ќе се организираат на овој принцип, односно по завршување на календарската година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ