сабота, 31 мај 2025

Одлични вести за Словенија, Дончиќ ќе игра на Европското првенство

Словенечкиот кошаркар, Лука Дончиќ ја известил Словенија дека ќе настапува на Евробаскетот ова лето.

Објавено на

часот

Сподели

Лука Дончиќ важи за еден од најдобрите кошаркари во светот во овој момент. За него заврши сезоната во НБА со елиминацијата на Лејкерс, па ќе има доволно време за одмор пред Европското првенство.

Неговиот настап е потврден, Дончиќ ќе биде една од најголемите ѕвезди на Евробаскетот кој ќе се одржи од 27 август до 14 септември.

Словенија ќе настапува во групата Д, заедно со Франција, Белгија, Исланд, Израел и Полска, која е домаќин на групата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ