Австрија влезе како голем фаворит на овој натпревар, нашите одбојкарки се обидоа да сторат нешто повеќе, но гостите не дозволија да се понадуваме на изненадување.
Во првиот сет Македонија освои само 14 поени, во продолжениеот од мечот бевме нешто подобри, во вториот сет реализиравме 17 поени, додека пак третиот сет го завршивме најдобро, со 20 освоени поени, но тоа не значеше ништо во конечниот исход.
Тамара Стојанова беше најефикасна кај нас со 12, Мери Бошковска освои 7 поени, Ерјона Јонузи забележа 6, Антонија Баталаковска 5, Симона Стојановска 3, а Мила Долдурова и Ива Стојкоска по 2.
Во следното коло, Македонија ќе се сретне со Грција на 28. август.






