По настапот во Европскта Златна лига следуваат и евро-квалификациите со Грција и Грузија во август кои ќе бидат приоритет. Иако Златната лига ќе биде дел од темпирањето на формата за тие мечеви, Савовски вели дека сакаат резултат.
„Трета по ред година во Златната Европска лига. На кормилото на селекцијата се враќа Јошко Миленкоски што искрено мене ме радува и сигурен сум дека многу значи и за останатите, во оваа сега веќе многу подмладена селекција. Со оглед на тоа дека трета година сме дел од ова натпреварување мислам дека треба повеќе да вложиме и ќе бараме резултат. Што се однесува до квалификациите, тие следуваат потоа. Секако дека преку Златната лига ќе ја темпираме формата и за евро – квалификациите и потоа и таму ќе бараме резултат“, смета средниот блокер на репрезентацијата, Филип Савовски.
Репрезентацијата без никакви проблеми и со полна пареа тренира во салата „Парк“ во Струмица. Екипата в петок патува за Марибор, каде на 24 и 25 мај ќе одигра два пријателски натпревари со Хрватска.