среда, 18 февруари 2026

Од Шкендија оптимисти: Ова е спектакуларно, сакаме да играме уште во Европа

Фудбалерите на Шкендија ќе се судрат со Самсунспор во плеј-оф фазата од Конференциската лига на УЕФА.

Објавено на

часот

Сподели

Во пресрет на натпреварот се одржа официјалната прес-конференција, а на неа се обрати тренерот Јетон Беќири.

Се отежнија работите за нас затоа што противникот има нов тренер и тоа значи промена на игра. Меч кој треба да го чувствуваме, да уживаме. Да се игра во Европа во февруари е нешто спектакуларно. Ќе се бориме за добра претстава и за добар резултат. Мислам дека Самсунспор е еден од поквалитетните екипи, но и најквалитетните, затоа што само една до две екипи се посилни од нив во ова натпреварување. На почетокот на мечот нема да знаеме со каква формација ќе играат затоа што кога еден тренер дебитира не можеме да знаеме. Но се надевам дека ќе дадеме максиумум и да бидеме борбени и трпеливи. Распоредот е згуснат, јас мислам дека имаме голем ростер и ќе ни излезат во пресрет за овие два меча. Треба да се бориме до последен момент, затоа што во наш интерес е да имаме што повеќе мечеви и да се преставуваме добро и како македонска екипа во Европа“, изјави Беќири.

Капитенот на тетовскиот тим Бесарт Ибраими исто така ги сподели своите очекувања.

Сонот ни се исполни, но сега сакаме уште и да се обидеме да одиме понатаму во Европа. Атмосферата во тимот е многу добра. Одиме на победа и тука и на реваншот. Зошто да не? Знаеме за силата на противникот, знаеме дека е фаворит, но покажавме дека дома играме добро и се надевам на добра игра и резултат“, изјави Ибраими.

Натпреварот меѓу Шкендија и Самсунспор е на програмата в четврток во 21:00 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ