Американскиот лидер порача дека иранската репрезентација не би требало да патува на Мундијалот поради безбедноста на своите фудбалери, но од Техеран веднаш возвратија дека никој нема право да одлучува кој ќе игра на светскиот собир.„Светското првенство е историски меѓународен настан управуван од ФИФА, а не од поединец или држава. Иранската репрезентација беше меѓу првите што се квалификуваа на турнирот благодарение на серијата важни победи на храбрите синови на Иран“, соопштија од федерацијата.Од иранската куќа на фудбалот нагласија дека нивната селекција не може да биде исклучена од Мундијалот и индиректно посочија дека проблемот е кај организаторот.„Сигурно никој не може да ја исклучи иранската репрезентација од Светското првенство. Единствената земја која би можела да биде исклучена е таа што ја носи титулата домаќин, а не може да гарантира безбедност за екипите“, стои во реакцијата.Иранската репрезентација избори пласман, ама и во државата веројатно постои поделеност, па министерот за спорт јасно кажа дека не постојат услови за да учествуваат на Мундијалот.
Од Иран сепак најавија дека сакаат да играат на Светското првенство?
Тензиите околу настапот на Иран на претстојното Светско првенство дополнително се зголемија откако Фудбалскиот сојуз жестоко реагираше на изјавата на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Фото: ЕПА
Објавено на
часот





