Тој го совлада Шин Хес од Аргентина (11. носител) со 2-0 во сетови. Во првиот сет беше 7-5, во вториот 6-3.
Марковски со три победи во квалификациите дојде до главниот турнир. Тој претходно во првото квалификациско коло го надигра домашниот тенисер Лука Маџаревиќ (Србија) со 2-0 во сетови (63 60), а во втората квалификациска рунда беше поуспешен од седмиот носител Игнасио Антонио Бечера Отапола со 2-0 во сетови (61 64).
Македонскиот играч во очекување на дополнителниот распоред за главниот турнир бидејќи тој е еден од осумтемина тенисери кои преку квалификациите изборија пласман во „главниот ждреб“.