недела, 13 јули 2025

Новото засилување на Ливерпул од 40 милиони летна од Белград, наскоро ќе го комплетира трансферот

Неколку извори објавија дека Милош Керкез е на пат кон Ливерпул, левиот бек во следните денови ќе го комплетира трансферот на Енфилд вреден околу 40 милиони фунти (нешто помалку од 50 милиони евра).

Објавено на

часот

Сподели

Ливерпул наскоро ќе го комплетира третото засилување за сезоната 2025/26, на Енфилд ќе се пресели Милош Керкез.

Неколку извори попладнево објавија дека левиот бек летнал од Белград и е на пат кон Ливерпул, каде во следните денови ќе треба да стави потпис на петгодишен договор и го комплетира трансферот вреден 40 милиони фунти.

Милош Керкез е репрезентативец на Унгарија, но е роден во Србија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ