Според правилото, ако голманот ја држи топката во раце повеќе од осум секунди, судијата треба да досуди корнер за противничкиот тим.
Правилото во својата примена првпат го видовме вчера на мечот меѓу Вардар и Брера кој заврши 2-2.
Голманот на струмичкиот тим, Славе Вргов предолго ја држеше топката во раце со обид да украде малку време. Судијата Фуркан Идризи го примени правилото и досуди корнер за Вардар.
View this post on Instagram






