понеделник, 8 декември 2025

Ново дете од школата се прослави со атрактивен гол, Барса стартуваше со победа над Висел Кобе (ВИДЕО)

Барселона со 1-3 славеше против Висел Кобе на стартот на подготовките за новата сезона, до победата се стигна со головите во второто полувреме на Руни Бардгџи и Фернандез Дро.

Објавено на

часот

Сподели

„Каталонците“ денеска сепак излегоа на терен и ги одмерија силите против Висел Кобе и покрај тоа што малку фалеше натпреварот да не се одигра откако Барселона не ги доби парите од промоторот.

Момците на Ханси Флик без поголеми проблеми славеа со 1-3 за победнички почеток на подготовките за новата сезона.

Ерик Гарсија го донесе шампионот на Шпанија во водство од 0-1, но Висел Кобе во финишот на првиот дел изедначи преку Мијаширо.

Во продолжението од мечот, Барса настапи во целосно нов изглед, а засилувањето Руни Бардгџи се погрижи за водство од 1-2 во 77. минута.

Победата беше запечатена десет минути подоцна кога 17 годишниот Фернандез Дро со волеј од врвот на шеснаесетникот ја затресе мрежата за 1-3.

ФОТО: X/FC Barcelona

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ