Свое деби на селекторската позиција вчера имаше Вељко Пауновиќ. И покрај поразот, импресиите се позитивни и кај јавноста и кај фудбалерите.
Таква беше и изјавата на капитенот Филип Костиќ кој вината за пропуштање на Светското првенство му ја препиша на Драган Стојковиќ – Пикси.
„Загубениот меч од Албанија е еден од моите најтешки во кариерата. Тој пораз не чинеше пласман на Светското првенство 2026. Но, немаше да го имаме тој пораз, ќе ја завршевме групата поинаку ако имавме тренер од самиот почеток и ако работевме онака како што работевме сега на овој собир изминативе неколку дена. Ако беше така, дефинитивно ќе завршевме како второпласирани“, речи Костиќ.






