понеделник, 30 март 2026

Нови трофеи за младите шахисти од школите на ШК Алкалоид

Изминатиов викенд бележиме неколку успешни настапи на младите шахисти од школите на ШК Алкалоид.

Објавено на

часот

Сподели

Матео Ефтоски победи на отворениот турнир во организација на ШК Карпош од Скопје, каде што важеше за прв фаворит според влезниот рејтинг (2.040). Тој освои 6 од 7 можни бода, односно извојува пет победи и два пати играше реми во партии каде што играчите имаа по 60 минути време за размислување и 30 секунди за играње на потег, па на крајот придодаде нови 13 поени рејтинг на своето конто.

Истовремено, на силниот меѓународен турнир „Опен Катерини“ во Грција, што се одржа 20 до 23 Март (темпо 90 минути по играч плус 30 секунди за потег), имаше повеќемина шахисти од Македонија кои ги вкрстија своите знаења на интернационално ниво. ЖФМ Моника Жежовска беше рангирана на 59 место, за на крајот да биде пласирана на делба од 32 до 46 место со 4 бода од 7 партии, но она што е поважно – беше најдобро пласирана шахистка на турнирот, за што освои пехар од организаторите.

На Б-турнирот во Катерини, каде играа играчи со рејтинг до 1900 поени, младиот Давид Атанасовски, Шампион на Македонија до 10 години за 2025 година, со 4.5 поени од 7 партии го освои 6. место и доби пехар како најдобар во категоријата до 12 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ