Во грчките медиуми се потенцираат нови детали, завршена е токсиколошката анализа која потврдила дека возачот во крвта имал алкохол и марихуана.
„Потврдена е и присутноста на алкохол“, изјави Бертa Серена Константинеску, портпаролка на Канцеларијата на обвинителот при судот во Лугој. На местото на несреќата биле пронајдени и кеси со супстанции кои можеби се психоактивни, но официјалните резултати од тестовите сè уште не пристигнале.
Две од трите преживеани лица од несреќата во близина на Лугој се превезени во Солун со медицински авион на грчкото Министерство за здравство. Едно од нив ќе остане на хоспитализација, додека другото ќе биде пуштен на домашно лекување.
Трагедијата се случи во Романија, Темишвар, недалеку од границата со Србија, а навивачите патувале кон Франција на натпреварот против Лион од Лига Европа.






