среда, 28 јануари 2026

Новата технологија е причина за трагичната смрт на навивачите на ПАОК

Грчките медиуми пишуваат дека системот за асистенција за одржување на возилото во лента го блокирал воланот на возачот на комбето со навивачи на ПАОК и затоа дошло до кобниот судар.

Објавено на

часот

Сподели

Седум фанови на ПАОК загинаа на лице место во сообраќајката која се случи во Темишвар, Романија. Тројца беа пренесени во болница, а од нив денеска почина уште еден од срцев удар кога му кажале што се случило.

Од видеото се гледа дека комбето со навивачите претекнува, но не успева да се врати во својата лента, туку продолжува да вози во обратна насока иако има доволно време да се престрои. Првично се шпекулираше за невнимание на возачот, непрописна брзина, срцев удар на возачот… но причината е сосема друга.

Еден од преживаните навивачи, му кажал на докторот Димитрис Кукулас дека по претекнувањето возачот не можел да се врати во својата лента поради активирањето на системот за асистенција за одржување на лентата, познат како „Lane Assistant“.

Се гледа и како возилото ја губи контролата и повторно се враќа налево, со вклучен прво левиот, а потоа и десниот трепкач. Токму овој детал, според наводите, може да го открие вистинскиот причинител на трагичниот судир, односно активирањето на „Lane Assistant“ технологијата, автоматски систем кај поновите возила кој го одржува правецот и линијата на движење.

„Разговарав со двајца од тројцата повредени. Пациентот кој е во најдобра состојба, иако има повеќекратни скршеници на долните екстремитети, ми кажа дека нешто се случило со системот за асистенција за одржување на лентата. По претекнувањето, системот се блокирал, а со тоа и воланот. Возачот ја изгубил контролата бидејќи системот за помош при одржување на лентата бил активиран и не можел да го врати правецот на возилото“, открил докторот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ