На самиот врв остана Карлос Алкараз кој ја зголеми предноста и сега има 13.650 поени, додека второпласираниот Јаник Синер има 10.300.
На тротото место по долга пауза, поточно по август 2024 се врати Новак Ѓоковиќ. Српскиот ветеран стигна до финалето во Мелбурн, а таму беше совладан од Алкараз. Сепак, собра 5.280 поени и го прескокна Александер Зверев.
Во топ десет се уште Лоренцо Мусети, Алекс де Минер, Тејлор Фриц, Феликс Оже Алијасим, Бен Шелтон и Александер Бублик.






