среда, 11 февруари 2026

Новак Ѓоковиќ откажа учество на уште еден турнир

По настапот на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ реши да не игра во февруари на официјални турнир, па го откажа настапот во Доха.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ѓоковиќ пред десетина дена пропушти голема шанса да стигне до својот 25. гренд слем трофеј, откако беше поразен од Карлос Алкараз, но и самиот пласман во финалето во оваа фаза од неговата кариера претставуваше сериозен подвиг.

Сепак веројатно цената која ја плати за таквиот настап е откажувањето на овој турнир каде што често беше учесник, а оваа година ќе настапат и Алкараз и Синер.

Интересно е што Ѓоковиќ пред година и пол потпиша договор со „Катар ервејс“, често присуствуваше на настани во Доха, па неговото отсуство од изненади дел од јавноста во оваа земја.

Според најавите, Ѓоковиќ повторно на терените можеме да го очекуваме следниот месец кога на распоредот е Индијан Велс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ