Српскиот тенисер има 38 години, уште се држи и игра на најголемите натпреварувања, но младите Алкараз и Синер веќе изгледаат како непремостлива пречка за него, па јасно е дека кариерата му се ближи кон крајот.
„Ѓоковиќ е великан, фантастично е како се држи за 38 години. Не е ни важно какви шанси ќе има на турнирите, дали ќе победува или ќе губи. Ова се негови последни моменти во кариерата“, вели Чесноков.
„Колку му остана да игра? Можеби една, можеби две години. Секој негов меч мора да се гледа. Неодамна во Грција освои турнир победувајќи го Мусети во финалето, а тој е меѓу првите десет на светот. Тоа е тотално неверојатно“.






