Српскиот тенисер првпат по 2011 година нема да игра на Мастерс турнирот во Монте Карло. Ѓоковиќ оваа сезона последниот настап го имаше на Индијан Велс на почетокот на март и стигна до осминафиналето.
Следуваше откажување на настапот на Мастерсот во Мајами, меѓутоа се очекуваше Ѓоковиќ да се подготви за сезоната на земјена подлога.
Тоа ќе почека, па Ѓоковиќ подоцна од планираното ќе ги започне подготовките за вториот сезонски Грен слем турнир Ролан Гарос кој е на програмата во мај.






