сабота, 24 јануари 2026

Новак Ѓоковиќ без загубен сет до осминафинале во Мелбурн

Новак Ѓоковиќ стигна до третата победа на Австралија Опен и се пласира во осминафиналето откако го победи Ботик ван де Зандшулп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Српскиот тенисер го продолжи својот пат на турнирот во Мелбурн и тоа без загубен сет се пласира меѓу шеснаесетте најдобри. Ѓоковиќ сепак играше два часа и 46 минути против холандскиот ривал во борбата за осминафинале.

Првиот сет Ѓоковиќ го доби со 6-3, вториот со 6-4, а третиот по тај-брејк со 7-4.

Следен ривал на Србинот ќе му биде Јакуб Менсик или Етан Квин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ