четврток, 22 јануари 2026

Новак Ѓоковиќ без многу проблеми се пласира во третото коло во Мелбурн

Новак Ѓоковиќ без премногу мака се пласираше во третото коло на Австралија Опен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Србинот во втората рунда беше подобар од Франческо Маестрели во меч во три сета (3-0) кој траеше нешто повеќе од два часа.

Првиот сет Ѓоковиќ го доби со 6-3 со еден брејк, во вториот направи два за 6-2, а во третиот и ривалот успеа еднаш да одземе противнички сервис. Сепак, српскиот тенисер дури трипати направи брејк за одново да биде 6-2.

Во третото коло на Ѓоковиќ му следува дуел со Ботик Ван де Зандшулп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ