Според иранските медиуми, тој доживеал срцев удар во Катар каде што оваа сезона играше за Ал Рајан. Лекарите веднаш интервенирале и се бореле за неговиот живот, но состојбата нагло му се влошила и не успеале да го спасат.
Иранската одбојкарска федерација ја соопшти оваа трагична вест.
„Каземи не беше само врвен спортист – тој беше симбол на надеж, посветеност и скромност. Неговиот насмев и добриот карактер оставија трага кај сите што го познаваа. На теренот секогаш даваше максимум за тимот, а надвор од него беше почитуван поради искреноста и човечноста“, стои во соопштението на федерацијата.






