понеделник, 8 декември 2025

Нова моќна партија на Дончиќ, Лејкерс победи во Шарлот (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс со 121-111 победи на гостувањето во Шарлот, а најдобар на теренот беше Лука Дончиќ, за езерџиите ова беше шеста победа на седумте последни натпревари.

Објавено на

часот

Сподели

За 38 минути колку што помина на паркетот, Лука Дончиќ постигна 38 поени, имаше и шест скокови и шест асистенции.

Одличен беше и Ривс со 24 поени, кај Шарлот најдобар беше Бриџис со 34 поени.

Дончиќ има просек од 37,0 поени, 10,0 скока и 9,5 асистенции по натпревар оваа сезона. Од друга страна, Ривс на сите шест натпревари на кои настапи, постигна над 20 поени.

Интересно е што Леброн Џејмс уште не се вратил од повредата, а Лејкерс игра во голема форма.

Резултати:

Шарлот – ЛА Лејкерс 111-121
Детроит – Вашингтон 137-135
Орландо – Портланд 115-112
Мајами – Кливленд 140-138
Чикаго – Сан Антонио 117-121
Далас – Милвоки 114-116
Феникс – Њу Орлеанс 121-98
Јута – Минесота 113-120
ЛА Клиперс – Атланта 102-105

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ