МЗТ Скопје ја продолжува доминацијата во домашното првенство, со трофејот во Суперкупот најавија уште една успешна сезона.
Екипата на Кожув од Гевгелија пружи силен отпор, се бореа до самиот крај, но не успеаа да направат изненадување и да му застанат на патот на шампионот.
Херој на мечот беше Војдан Стојановски кој постигна клучна тројка на 30 секунди до крајот за предност од 66-62. Гевгеличани се обидоа, но не успеаа да се вратат од оваа негатива, конечниот резултат беше 71-65.
Најефикасен во составот на МЗТ Скопје беше Чарлс Гил со 16 поени, Војдан Стојановски и Илајџа Мекејден постигнаа по 13. Најдобри кај Кожув беа Родни Пурвис со 21 поен и Теодор Симиќ со девет поени и 12 скокови.
Ова беше осми пехар за МЗТ Скопје во Суперкупот.







