Јокиќ беше најдобар на теренот, постигна 32 поени, имаше 14 скокови и 14 асистенции, за него ова беше шести трипл-дабл во деветиот натпревар оваа сезона.
Лос Анџелес Лејкерс имаше лоша вечер, загуби со 20 поени разлика на гостувањето кај Атланта.
Дончиќ имаше 22 поени и 11 асистенции, но тоа не беше доволно за победа, Атланта одигра тимски и го доби мечот.
Резултати:
Вашингтон – Далас 105-111
Филаделфија – Торонто 130-120
Атланта – ЛА Лејкерс 122-102
Кливленд – Чикаго 128-122
Мајами – Портланд 136-131
Сан Антонио – Њу Орлеанс 126-119
Денвер – Индијана 117-100
ЛА Клиперс – Феникс 103-114






