недела, 7 декември 2025

Нов странски предизвик за Маџунков, ќе игра за Лувен во Лигата на шампионите

Македонскиот одбојкарски репрезентативец, Филип Маџунков по една сезона мината во матичниот клуб Струмица, повторно заминува во странство, потпиша за белгискиот тим Лувен.

Објавено на

часот

Сподели

Маџунков стави потпис на договор до крајот на сезоната.

Тој треба да биде засилување на Лувен за белгиското првенство каде во моментов се на втората позиција, но и за ЦЕВ Лигата на шампионите каде во групната фаза играат со италијански Лубе Цивитанова, Монпеље од Франција и полска ПГЕ Варшава.

Средниот блокер денеска ќе и се приклучи на екипата и ќе стартува со тренажен процес, додека дебито за ново-стариот клуб треба да го има престојниот викенд.

Маџунков покрај дресот на Струмица на домашна сцена бил играч и на Вардар, додека интернационалната кариера ја гради со настапи во националните првенства на Црна Гора, Италија, Германија, Хрватска, Полска и сега повторно Белгија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ