Висла Плоцк водеше од почетокот, па до крајот, во ниту еден момент резултатот не беше во полза на македонскиот тим.
Во текот на вториот дел Пелистер имаше еден одличен период во кој направи серија од 5-0 и дојде на само минус еден, но тука застана. Висла повторно почна да се одалечува и во мирен реванш дојде до победа од 28-25.
Пешевски, Тајни и Атанасијевиќ беа најефикасни кај Пелистер со по четири гола, а свој ден немаше капитенот Филип Кузмановски кој постигна три гола од осум шута.
Следен натпревар на Пелистер е на гостински терен кај ГОГ, тој меч се игра на 25 февруари.






