недела, 1 март 2026

Нов инцидент на младински натпревари: Возрасни насилници влегле на терен да тепаат деца

Повторно инциденти на детски натпревари во Македонија во кои секогаш, без исклучок се вклучени родителите на најмладите фудбалери, овојпат такви немили сцени имаше во Тетово.

Објавено на

часот

Сподели

Од СВР Тетово информираат дека Т.Д. (47) од Тетово и П.Т.(47) од Тетово, тренер на детски фудбалски клуб, пријавиле насилство на спортски натпревар.

Инцидентот се случил во Тетово на меч меѓу екипите на Дарданија и Фит-кид, неколку лица влегле на теренот и се обиделе да нападнат играчи од екипата на Фит-кид.

За среќа, напаѓачите биле спречени од присуните, па инцидентот не ескалирал со поголеми последици.

Полицијата информира дека од слобода е лишен Х.М.(48) од Тетово, кој ги омаловажувал и полоциските службеници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ