петок, 23 јануари 2026

Носителите на одбојкарската репрезентација сменија клубови

Двајца стандардни македонски репрезентативци, капитенот Никола Ѓоргиев и примачот Александар Љафтов се одлучија за промена на клупската средина на полусезоната и веќе ги направија новите трансфери.

Фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Коректорот Никола Ѓоргиев во првиот дел од сезоната го носеше дресот на романски Динамо Рапид, додека во продолжението ќе ги брани боите на актуелниот лидер во чешката Екстралига, Карловарско. Клубот официјално го претстави македонскиот репрезентативец за кој ова е 21. интернационална сезона, а за првпат во својата кариера ќе игра во Чешка.

Александар Љафтов, пак, по една полусезона мината во Кувајт, од почетокот на оваа година се врати на европска сцена, односно како засилување на унгарски МАВ Елоре, кој еден од главните кандидати за шампионската титула во националното првенство.

Интернационалците веќе им се приклучија на своите нови клубови каде ќе го минат вториот дел од првенството, а чии настап ќе биде од големо значење во пресрет на обврските со националниот тим кои ги имаат летово Европската лига 2026, како и учеството на Европското првенство 2026.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ