недела, 7 декември 2025
Формула 1

Норис славше во Бразил, Ферстапен со старт од пит стигна на подиум (ВИДЕО)

Ландо Норис триумфираше во Сао Пауло, возачот на Мекларен направи значаен исчекор кон титулата по одличниот викенд во Бразил.

Објавено на

часот

Сподели

Ландо Норис има +24 во однос на Оскар Пиастри и +49 во однос на Макс Ферстапен на три трки до крајот на сезоната, Британецот имаше одличен викенд во Сао Пауло, каде по триумфот во спринтот, денеска победи и во главната трка.

Возачот на Мекларен вечерва немаше конкуренција, беше во водство од почеток до крај и мина прв низ целта со десет секунди предност.

Зад него имаше драма до последен миг, Кими Антонели беше извонреден и финишираше како втор, а неверојатно издание имаше и Макс Ферстапен, кој стартуваше од пит-лејнот но успеа да се искачи на подиумот.

Џорџ Расел финишираше како четврти, само половина секунда пред Оскар Пјастри, кој очигледно полека ги губи шансите за титула.

Оливер Берман беше најдобриот од останатите, додека во бодови уште завршија Лиам Лоусон, Исак Хаџар, Нико Хулкенберг и Пјер Гасли.

ГН на Бразил се покажа како катастрофална за Ферари, Шал Леклер ни крив ни должен ја заврши трката во првиот круг, настрада по сударот помеѓу Пјастри и Антонели, додека Луис Хамилтон се паркираше во боксот по 40 круга.

ФОТО: X/Formula 1

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ