четврток, 18 декември 2025

Норис по тимска наредба го пушти Пјастри да заврши прв во Унгарија

Еден-два победа за Мекларен на Хунгароринг, Оскар Пјастри за првпат во кариерата дојде до триумф, финишот беше контроверзен откако по тимска наредба Ландо Норис ја предаде првата позиција на својот колега.

Објавено на

часот

Сподели

Норис стартуваше од пол позицијата, но имаше лош старт, тоа го искористи Пјастри кој изби на чело и долго време водеше.

Бокс стратегијата му овозможи на Норис да се врати на првата позиција, па во Мекларен веројатно не сакаа на таков начин да му биде одземена победата на Пјастри, почнаа да го молат Ландо да биде вратен поредокот.

Норис во прв момент продолжи да вози како прв, дури и ја зголемуваше предноста, но потоа го пушти Пјастри да го помине и да го освои првото место.

На третата позиција заврши Луис Хамилтон, за него тоа беше јубилеен 200. подиум.

Во топ десет завршија уште и Леклер, Ферстапен, Саинц, Перез, Расел, Цунода и Строл.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ