сабота, 6 декември 2025
МАКС ФЕРСТАПЕН ПРОФИТИРАШЕ МНОГУ

Норис и Пјастри дисквалификувани, еве како изгледа новата табела во Формула 1

ФИА ги дисквалификуваше Ландо Норис и Оскар Пјастри од ГН на Лас Вегас па генералниот пласман во Формула 1 доби нов изглед, Макс Ферстапен сега е на -24 на две три до крајот.

Објавено на

часот

Сподели

Трката за титулата во Формула 1 добива драматичен пресврт, ФИА потврди дека Ландо Норис и Оскар Пјастри се дисквалификувани од ГН на Лас Вегас, болидите на Мекларен не ја поминаа контролата, долната подлога била под пропишаната граница од 9 милиметри.

Мекларен се правдал дека постоеле неколку олеснителни околности – неочекувано зголемено „потскокнување“ на болидите, како и ограничени можности за тестирање поради лошите временски услови на првиот слободен тренинг, како и црвеното знаме на вториот слободен тренинг.

ФИА не верува дека правилата намерно биле прекршени, и дека постоел обид за намерно да се заобиколат регулативите, но не постои друга казна освоен вообичаената, односно дисквалификација.

Па на две три до крајот на сезоната, Макс Ферстапен сега е на -24 во однос на Лано Норис, а 24 бода е заостанувањето и на Оскар Пјастри во однос на својот тимски колега.

Следната трка во Катар се вози за седум дена, дополнително ќе има и спринт, па љубителите на Формула 1 ќе уживаат во возбудлива битка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ