Њујорк последен пат во конференциско финале играа во 2000 година кога беа поразени од Индијана. Тоа е тимот со кој и оваа година ќе ја водат битката за освојување на Истокот.
Ноќеска во „Медисон Сквер Гарден“ во фантастична атмосфера Њујорк го растури Бостон кој не можеше да парира без повредениот Џејсон Тејтум.
Брансон и Оу Џи Ануноби постигнаа по 23 поени, Бриџис реализираше 22, додека Таунс имаше 21 поен и 12 скокови. Џош Харт направи тенок трипл-дабл со 10 поени, 11 скокови и 11 асистенции. Кај Бостон најефикасен беше Џејлен Браун со 20 поени.