среда, 16 април 2025

Ништо од Светско првенство, Македонија уште еднаш загуби од Полска

Женската ракометна репрезентација на Македонија го загуби и реванш натпреварот од Полска, во Битола бевме поразени со 23-21 и не успеавме да се пласираме не Мундијалот кој ќе се одржи следната година.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија денеска имаше голем предизвик, ни беше потребно да ја совладаме Полска со пет голови разлика, но не само што не успеавме да го направиме тоа, туку го загубивме мечот.

Првото полувреме беше тесно, Полска најчесто водеше, а ние израмнувавме, во еден момент го свртевме резултатот, а на одморот се замина со нерешени 10-10.

Во вториот дел беше слично, полските ракометарки водеа, ние израмнувавме. Највисоката предност на Полска беше два разлика со која и го добија мечот, конечниот резултат гласеше 23-21 за гостинките.

Најефикасна во македонската репрезентација беше Катерина Дамјановска со пет голови, кај Полска Балсам постигна седум гола.

Македонија последен пат на Светско првенство играше во 2007 година, постот ќе продолжи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ