По средбата коментар даде голманот Емил Нилсен, кој се присети и на мечот против Македонија во Скопје кој го гледал од трибините.
„Пред четири години Македонија направи големо изненадување, беше импресивно, бев таму, но не играв. Покажавме класа на овој меч иако беше тежок меч за нас за играње, мислам дека завршивме добра работа. Не е лесно да се игра против ваков тим. Среќен сум со победата од 12 гола. Лазаров одигра храбро како тренер на тој прв меч, ја победи Данска, тоа доволно говори за него. На овој меч ние успеавме да славиме, видовме некои убави работи“, изјави Нилсен.
Македонија во второто коло ќе се судри со Португалија в недела во 18:00 часот, а во вечерниот термин од 20:30 Данска игра против Романија.






