петок, 6 февруари 2026

Николов: Се враќам со една цел, да освоиме со Вардар – двојна круна!

Бобан Николов е среќен што повторно ќе го носи црвено-црниот дрес на Вардар, тој вели дека целта за оваа сезона е освојување на двојната круна.

Објавено на

часот

Сподели

Бобан Николов е повратник во дресот на Вардар, поранешниот македонски репрезентативец во финишот од јануарскиот преоден рок потпиша за лидерот на табелата.

„Чувството е прекрасно пак да се биде во Вардар. Условите се одлични за работа и драго ми е што се враќам. Се враќам со една цел, сите ја знаеме, тоа е двојната круна. Се надевам дека ќе ја усполниме, најважно е да сме сите здрави и да одиме чекор по чекор. Во минатото ме поврзуваа повеќе пати со Вардар и со мое враќање. Секогаш сакав да се вратам во Вардар, но некогаш околностите и клубовите не ми дозволуваа. Било пишано сега да се вратам, се враќам со отворено срце да помогнам и да бидеме најдобри. Се наоѓаме на првото место на табелата, но тоа не смее да не залажува. Лигата е квалитетна, мора да сме максимални и сериозни на секој меч, исто како да играме од нула бодови. Имаме еден поен плус од Струга, шест од Шкендија. Не смееме од сега да размислуваме на титулата, затоа што ќе биде тешко на секој натпревар. Но, мора да ја паметиме и нашата цел и да играме со таков пристап на сите натпревари, а тоа е Вардар да биде шампион на Македонија повторно“, рече Бобан Николов на денешниот тренинг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ